Европски претставници и амбасадорите на западните земји денеска ги повикаа политичарите во Црна Гора да ги деблокираат институциите и да ги повлечат спорните измени на Законот за претседател. До ова доаѓа по синоќешните инциденти на протестите во Подгорица со барање за предвремени избори. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеи денеска ги повика „политичките актери итно да преземат мерки за да се обезбеди функционалност на Уставниот суд“ и да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија. ЕУ претходно повика на повлекување на Законот за претседател и ги повика сите политички чинители „да покажат максимална воздржаност и да се воздржат од натамошни провокативни дејствија“.
Црна Гора меѓу ЕУ, Србија и Русија - кризата се продлабочува
Слични пораки имаа и амбасадорите на Германија и на Британија, додека американската амбасада ги повика „сите црногорски лидери и граѓани да продолжат со разговорите и да најдат мирни решенија за политичките проблеми“. Собранието вчера не ги избра судиите на Уставниот суд кој е блокиран од средината на септември ниту во вториот круг. Уставниот суд е блокиран од средината на септември, додека контроверзниот закон за претседател презема дел од надлежноста на претседателот за предлагање мандат за новата влада и го отвора патот парламентарното мнозинство да го избере својот кандидат.