Уапсени шест лица обвинети за воени злосторства врз 56 Срби во областа Фоча

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) уапсиле шест лица осомничени за воени злосторства против 56 лица од српска националност во селото Јошаница кај Фоча во областа на Сараево и Горажде во декември 1992 година, објави Обвинителството на БиХ. При нападот биле изгорени и уништени се куќи и имот, а жртвите на злосторството биле пронајдени и идентификувани.

Министерот за човекови права и бегалци на БиХ е уапсен поради корупција

Осомничените се обвинети за учество во нападот на селото и за злосторства врз населението како команданти и членови на Вишеградската бригада на Армијата на БиХ. Обвинителството на БиХ посочи дека е спроведена опсежна истрага со неколку партнерски полициски агенции и институции, како и собирање на голем број докази за извршеното кривично дело и сторителите.