Приватните автобуски превозници информираат дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје.
„Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува како возач на автобус. Повелете добредојдени сте, а сето ова ќе биде надгледувано од лице задолжено за надзор во Ваше присуство“, велат за МИА од Здружението на приватни превозници „Слобода превоз“.
Приватните превозници порачуваат дека се наоѓаат на посочената локација 24 часа.
Видете и ова: Заглавени ученици, пациенти, бизниси - Скопје парализираноВо втората половина на ноември престанаа да возат автобусите на „Слобода превоз“ со барање да им биде исплатен долгот кој им го должи Градот, преку ЈСП Скопје. Во моментов возат само автобусите на ЈСП. Договорот на приватните превозници Мак експрес и Слобода превоз е раскинат поради „неисполнување на обврските“.
Од Градот објавија нов јавен повик со кој досегашните превозници ќе можат директно и индивидуално да аплицираат за да добијат линија за автобуски превоз. Досега ова можеше да го прават само здружено, преку компаниите за пакет линии.