Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле наместо в среда како што беше најавено од Стејт депратментот, ќе ја посети Северна Македонија по Нова година, потврдија од Амбасадата на САД во Скопје. Од Амбасадата велат дека добиле известување оти американскиот тим кој денеска е во Косово, ја одложува посетата на Скопје по Нова година. Од таму нема објаснување кои се причините за одложувањето. Дерек Шоле, како што дознава Радио Слободна Европа, ја откажал посетата нпоради „семејни причини“. Заедно со Шоле во Скопје се очекуваше да допатува и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој од вчера е во Косово.
Ескобар во Приштина на разговори со косовските власти
Според првичната најава од Стејт департментот, Шоле во Скопје требаше да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот. Освен земјава, во програмата на Шоле од 11 до 17 декември, беа и посетите на Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија. Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“, информираа од Стејт департментот.