Вучиќ: Владата в четврток ќе донесе одлука за испраќање барање до Кфор

Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека в четврток ќе се одржи седница на Владата на која ќе биде донесена одлука за испраќање барање за заминување на припадници на српската војска на Косово. Потоа Владата ќе донесе одлука да испрати писмо до КФОР за заминување на војската“, изјави Вучиќ. Претходно, директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово Петар Петковиќ изјави дека Србите не смеат „да наседнуваат на провокации“ и дека мора да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС , кои се должни да ги заштитат на Косово. „Релативно е мирно, но ситуацијата е напната до степен на вжареност поради косовскиот премиер Албин Курти, кој сака да се пресмета со српскиот народ на Косово“, изјави Петковиќ за РТС.

Борел ги повика Курти и Вучиќ да ги деескалираат тензиите во Косово

Тој повтори дека Србите подигнале барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, нагласувајќи дека бил уапсен невин човек, кој бил затворен „кој знае каде, без причина“. „Зборуваме за кршење на човековите права на Србите на Косово. Србите на барикадите сакаат да го бранат Бриселскиот договор, бидејќи Курти не почитува ниту еден договор“, рече Петковиќ.