Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ги повика Белград и Приштина на деескалација на тензиите, истакнувајќи дека барикадите на Косово и нападот врз членовите на ЕУЛЕКС се неприфатливи и дека двете страни мора да се вратат на дијалогот. „Знам дека двете страни се подготвени да ја деескалираат ситуацијата и ги поканувам да го сторат тоа. Бев во контакт со премиерот Албин Курти, а специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак беше во контакт со претседателот Србија Александар Вучиќ. Ваквото нарушување на јавниот ред и насилство се неприфатливи. Тие мора да се вратат на дијалогот“, рече Борел пред средбата во Брисел на министрите за надворешни работи на Европската унија, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија и Азербејџан.
Вучиќ-Никој од Белград не нареди барикади
Борел посочи дека барикадите не се начин да се постигне договор и да се водат преговори. „Мислевме дека работите се мирни по договорот, но косовските Срби повторно одговорија на апсењето на поранешен српски полицаец со немири на улиците, блокирање патишта, па дури и фрлање шок бомби врз некои од нашите полицајци (ЕУЛЕКС). Ова не е прифатливо Тие треба да ја надминат оваа тенденција да се борат на улица, да создаваат блокади. Тоа не е начин да се бараат решенија. Тоа не е начин да се води процесот на нормализација во кој тие се вклучени“, додаде тој.