Дојави за поставени бомби пристигнале изутрината во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар и до неколку средни училишта во Скопје. „Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, соопштија од МНР. Дојави за поставени експлозивни направи пристигнале и до ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и гимназиите „Јосип Броз- Тито“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“. Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите. Денеска околу 08.20 часот и во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Кога заканата се потценува, состојбата ескалира - дојави за бомби евакуираа повеќе објекти во Скопје
Освен анонимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта во минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.