Неколку основни и средни училишта во Подгорица денеска биле евакуирани поради дојава дека биле поставени бомби. Во април годинава во Црна Гора се случи првиот бран на пријави за подметнати експлозивни направи преку електронска пошта. Потоа беа испратени мејлови на адресите на 178 образовни институции, 12 општини и Служби за заштита и спасување, соопшти Центарот за безбедност. Во тоа време наставата беше прекината во сите училишта и градинки кои беа загрозени.
Евакуација во две црногорски училишта поради дојава за бомба
Во минатиот четврток беше пријавено дека бомба имало и во Вишиот суд во Подгорица, но по извршениот антидиверзантски увид било утврдено дека станува збор за лажна дојава.