Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово Петар Петковиќ денеска изјави дека Србите не смеат „да наседнуваат на провокации“ и дека мора да ги почитуваат КФОР и ЕУЛЕКС , кои се должни да ги заштитат на Косово. „Релативно е мирно, но ситуацијата е напната до степен на вжареност поради косовскиот премиер Албин Курти, кој сака да се пресмета со српскиот народ на Косово“, изјави Петковиќ за РТС.
Училиштата на северот на Косово нема да работат, премините Јариње и Брњак се уште затворени
Тој повтори дека Србите подигнале барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, нагласувајќи дека бил уапсен невин човек, кој бил затворен „кој знае каде, без причина“. „Зборуваме за кршење на човековите права на Србите на Косово. Србите на барикадите сакаат да го бранат Бриселскиот договор, бидејќи Курти не почитува ниту еден договор“, рече Петковиќ.