Бајден ја повтори американската поддршка за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски ја повторил својата поддршка за Украина, соопшти доцна синоќа Белата куќа. Бајден ја подвлече „континуираната американска поддршка за одбраната на Украина додека Русија продолжува со нападите врз критичната инфраструктура на земјата“, се вели во соопштението. Оружјето обезбедено од Западот, особено од САД, одигра клучна улога во одбраната на Украина од почетокот на руската инвазија на почетокот на февруари.

Силна офанзива на Русија во источна Украина, Бахмут „уништен“

До разговорот на Бајден до Зеленски доаѓа во ситуација кога руските сили ја напаѓаат основната инфраструктура во Украина, каде што неколку милиони луѓе останаа без електрична енергија. По разговорот, Зеленски на Твитер му се заблагодари на Бајден и додаде дека двајцата разговарале за продолжување на соработката во областа на одбраната и одржувањето на енергетскиот сектор.