Ескобар во Приштина на разговори со косовските власти

Заменик помошникот државен секретар на Соединетите држави и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар

Заменик помошникот државен секретар на Соединетите држави и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар го посети вчера православниот манастир Високо Дечани, во западно Косово, заедно со заменичката амбасадор на САД во Косово, Алисон Грундер. Делегацијата предводена од Ескобар, на која ќе се придружи и високиот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле денеска во Приштина ќе разговара со највисоките претставници на косовските институции, а утре ќе престојува и во Белград.

САД - Приведувањето на Пантиќ се користи како оправдување за нелегалните барикади во северот на Косово

Посетата на Ескобар и Шоле на двете земји се случува во време на зголемена напнатост предизвикана од блокадите на локалните Срби во северно Косово, при што се случија и неколку напади со огнено оружје и експлозивни напади врз косовската полиција, но и врз припадници на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС.