Времето денеска: променливо облачно

Променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за снег на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 5 до 14 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 11 степени.