Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со неговиот руски колега Владимир Путин за можностите за извоз на други прехранбени производи и стоки долж таканаречениот „коридор за жито“ низ Црното Море.
Во соопштението од кабинетот на Ердоган се вели дека за време на телефонскиот разговор Ердоган и Путин разговарале и за билатералните односи, енергетиката и борбата против тероризмот.
„По Црноморскиот хуманитарен коридор се транспортирани над 13 милиони тони жито, а можен е и извоз на други прехранбени производи“, рече Ердоган во телефонскиот разговор.
Турскиот претседател ја изрази и својата „искрена надеж за скорешен крај на војната меѓу Русија и Украина“.
ЕУ загрижена за блиските односи на Туриција со РусијаЕрдоган исто така му рекол на Путин дека чистењето на границата на неговата земја со Сирија од терористи на длабочина од најмалку 30 километри е приоритет за Анкара.