Курти- Изјавите на Вучиќ се закана и воена агресија

Косовскиот премиер Албин Курти ја оценува како закана и воена агресија вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави дека Србија ќе бара од КФОР дозвола за да постави свои безбедносни сили во Косово.
Курти за ова на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека силно и одлучно ќе се брани.

Вучиќ вчера во своето обраќање изјави дека Србија ќе испрати барање до мисијата на НАТО во Косово за враќање на илјада припадници на војската и полицијата на Србија на територијата на Косово во согласност со резолуцијата 1244.

Курти овие изјави на Вучиќ ги нарече закана и воена агресија.

„Претседателот и премиерот на Србија, исто така, се заканија со воена агресија, барајќи српската војска да се врати на наша територија. Ние не бараме конфликт, туку дијалог и мир. Но, дозволете ми да бидам јасен: Република Косово ќе се брани - со сила и одлучност“, напиша Курти на Твитер.

Видете и ова: Србија ќе бара од КФОР да распореди војска на северот на Косово

Во општините на северот на Косово, каде мнозинството се Срби, во текот на вчерашниот ден беа подигнати барикади поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

Во текот на ноќта косовската полиција соопшти дека во три наврати било пукано кон нив. Мисијата на ЕУЛЕКС соопшти дека врз нивно патролно возило била фрлена шок бомба.

Видете и ова: Пукано врз полицијата во северно Косово

Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово, поради незадоволство од одлуката на властите во Приштина за пререгистрација на возилата со српски регистарски ознаки во косовски.

Видете и ова: Шок бомба фрлена врз патрола на ЕУЛЕКС на северот на Косово

Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово, поради незадоволство од одлуката на властите во Приштина за пререгистрација на возилата со српски регистарски ознаки во косовски.