Каили суспендирана во Европскиот Парламент по коруптивниот скандал

На потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили, и се одземени овластувањата по нејзината поврзаност со истраги за корупција во Белгија. Каили, која е претставник од грчката ПАСОК беше уапсен доцна вечерта на 9 декември во Белгија, заедно со уште неколку осомничени, во истрагата за сомнеж за поткуп.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска „одлучи веднаш да ги суспендира сите овластувања, должности и задачи што и беа делегирани на Ева Каили во својство на потпретседател на Европскиот парламент“, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.

Јавното обвинителство соопшти дека властите ќе се состанат на 11 декември за да одлучат дали петмината осомничени, меѓу кои и Каили, ќе останат во притвор.

Според извештаите на медиумите, сите осомничени освен Каили се италијански државјани или имаат италијанско потекло. Според јавниот обвинител, истрагата вклучува осомничена криминална организација , обид за влијание од странство и обвиненија за корупција и перење пари.

Неколку месеци постоеја сомневања дека некоја земја од Персискиот залив се обидува да влијае на политичките и економските одлуки на Европскиот парламент. Извори за новинската агенција ДПА тврадат дека осомничената земја Катар, која во моментов е домаќин на фудбалскиот турнир на Светското првенство.

Претседавачот на 16-члената делегација на германската Социјалдемократска партија во Европскиот парламент, Јенс Гајер, ја повика Каили веднаш да поднесе оставка од нејзината лидерска функција.