Неосновани, паушални и неточни се оценките на вицепремиерката Славица Грковска, за државниот обвинител и работата на Јавното обвинителство изнесени на вчерашнниот настан по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, реагира денеска шефот на Обвинителството Љубомир Јовески.
Таа во Топ Тема на телевизија Телма изјави дека републичкиот јавен обвинител Јовески не треба да биде уставен судија.
„Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија“, изјави Грковска вчера.
На ваквата изјава реагираше денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.
„Во јавниот настап, во кој таа учествуваше како носител на јавна функција од извршната власт, некои од искажувањата, навидум лични, значат директно мешање во работата на Јавното обвинителство и ја загрозуваат неговата самостојност. Политиката на добро владеење во основа треба да ја почитува поделбата на власта и владеењето на правото“, реагира Јовевски.
Тој во реакцијата до медиумите наведува дека токму во европскиот извештај е забележан умерен напредок во борбата против корупцијата, потенцирајќи дека во него се бара зголемување на парите за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вклучувајќи и финансиски експерти, со цел да се осигури ефективна одговорност за предметите на корупција на високо ниво.
„Можеби и мое лично мислење е дека ќе биде подобро и поцелисходно доколку издвоените финансиски средства за функционирање на Кабинетот задолжен за политики за добро владеење се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо да се трошат за дебати и конференции со занемарлив ефект, но како носител на функцијата Јавен обвинител немам право јавно да ја промовирам оваа лична теза, бидејќи Владата сметала дека е потребно вакво тело.
Можеби и мое лично мислење е дека ќе биде подобро и поцелисходно доколку издвоените финансиски средства за функционирање на Кабинетот задолжен за политики за добро владеење се искористат за поефикасна борба против корупцијата, наместо да се трошат за дебати и конференции со занемарлив ефект, но како носител на функцијата Јавен обвинител немам право јавно да ја промовирам оваа лична теза, бидејќи Владата сметала дека е потребно вакво тело“, се вели во реакцијата на ЈО.
Тој посочува дека тврдењата на заменик претседателката на Влада дека веќе се обезбедени сите услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата не соодветствуваат на реалната состојба, затоа што законската објрска за одвојување од најмалку 0,4 проценти од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, ниту еднаш не е исполнета.
Видете и ова: Гир: Преку државните институции да се бориме со корупцијата„Секоја година Јавното обвинителство добива едвај околу половина од буџетот кој го побарува и кој е неопходен за функционирање и за исполнување на задачите предвидени во Законот за кривична постапка. Буџетот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е зголемен во однос на претходните години, но и тој е далеку од реалните потреби“, посочува Јовевски.
Во реакцијата се наведува дека „Грковска сигурно е запознаена дека Јавното обвинителство работи со помалку од две третини од неопходниот број јавни обвинители, а таа состојба постојано се влошува“.
Видете и ова: Антикорупциска ќе проверува кои судии и обвинители предвреме положиле правосуден испитНа меѓународниот ден на борбата против корупцијата беа изнесени бројни критики за лошата состојба во која се наоѓа државата во таа борба. Критиките дојдоа од самите институции но и од странските дипломатски претставниции кои предупредија дека состојбата се влошува и дека ќе мора повеќе да се работи за нејзини подобрување.