Во недела одлука за притворот за осомничените од корупцискиот скандал во ЕП

Јавното обвинителство во Белгија соопшти дека во недела ќе биде донесена одлука дали пет лица приведени во истрага за корупција во која учествуваше Европскиот парламент ќе останат во притвор.

Меѓу осомничените уапсени од белгиските власти во петокот е потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили, грчка политичарка. Партнерот на Каили е меѓу уапсените, изјавија извори за новинската агенција ДПА. Обвинителството соопшти дека во рамките на истрагата бил уапсен и поранешен член на Европскиот парламент.

Видете и ова: Потпретседателка на Европскиот Парламент приведена поради сомнение за корупција и перење пари

Каили работи во Европскиот парламент како советник за надворешна политика и прашања за човековите права. Грчката социјалистичка политичка партија Пасок веднаш по приведувањето се откажа од Каили, поранешна новинарка. Нејзиното членство во групата социјалисти и демократи во Европскиот парламент, исто така, беше суспендирано по нејзиното апсење.

Според извештаите на медиумите, сите осомничени освен Каили се италијански државјани или имаат италијанско потекло. Според јавниот обвинител, истрагата вклучува осомничена криминална организација , обид за влијание од странство и обвиненија за корупција и перење пари.

Неколку месеци постоеја сомневања дека некоја земја од Персискиот залив се обидува да влијае на политичките и економските одлуки на Европскиот парламент. Извори за новинската агенција ДПА тврадат дека осомничената земја Катар, која во моментов е домаќин на фудбалскиот турнир на Светското првенство.

Претседавачот на 16-члената делегација на германската Социјалдемократска партија во Европскиот парламент, Јенс Гајер, ја повика Каили веднаш да поднесе оставка од нејзината лидерска функција.

„Се разбира дека таа повеќе не може да го претставува Парламентот“, изјави денеска Гејер за ДПА.