Заложничка драма во германскиот град Дрезден

Илустрација, германска специјална полиција

Заложничка ситуација се одвива во центарот на германскиот град Дрезден, во близина на трговскиот центар Алтмаркт-Галери, соопшти полицијата. Полицијата го евакуира трговскиот центар и областите во близина. Од полицијата соопштија дека е затворен и божиќниот пазар во Стризелмаркт.

Полицијата одби да ги потврди извештаите во медиумите дека едно лице било застрелано во трговскиот центар, јавува новинската агенција ДПА. Преходно германскиот весник Билд објави дека една жена е убиена.

Радио Дрезден претходно објави дека се пукало во зграда во близина на главната железничка станица.