Потпретседателка на Европскиот Парламент приведена поради сомнение за корупција и перење пари

По 16 полициски претреси во домови и канцеларии како и пет апсења во европската јавноста се отвори аферата за перење пари во која се инволвирани членови на Европскиот парламент.

Белгиското обвинителство под сомнение за кривично дело – перење пари ја привела една од 14-те потпреседатели на Европскиот Парламент Ева Каили. Грчката политичарка од синоќа по приведувањето е исклучена од нејзината матична партија ПАСОК.

Според наводите на белгиското државно обвинителство истрагата се води против наводна криминална организација, обиди на една земја од Заливот да влијае врз економските и на политичките одлуки на Европскиот парламент, како и за наводите за корупција и перење пари. При извршените 16 претреси меѓу другото, одземени се и 600.000 евра во готовина, како и мобилни телефони.

Грчите медиуми јавуваат дека меѓу петмината приведени се двајца други белгиски европратеници Марија Аерна и Марк Тарабела.

Меѓу приведените, според наводите на медиумите, се и поранешниот европски пратеник социјалдемократот Пјер-Антонио Панцери, новоизбраниот генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати Лука Висентини, како и еден директор на една невладина организација и еден асистент во Европскиот парламент.

Од службата за соработка со медиумите во Европскиот парламент не сакаа да ја коментираат рацијата поради истрагата која е во тек. Одговорија само дека оваа служба во целост соработува со белгиската полиција.