Остин: Русија го проширува својот нуклеарен арсенал

Aмериканскиот секретар за одбрана Лојд Остин

Русија го проширува својот нуклеарен арсенал, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Русија исто така го модернизира и проширува својот нуклеарен арсенал“, рече Остин на церемонијата за новиот командант на Стратешката команда на САД, која го надгледува нуклеарниот арсенал на земјата.

„И додека Кремљ ја продолжува својата брутална и неиспровоцирана војна против Украина, целиот свет го виде Путин како се вклучува во крајно неодговорно ѕвечкање со нуклеарно оружје“, додаде Остин, пренесува Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин на 7 декември изјави дека Русите „ќе се бранат со сите расположливи средства“.

Путин: Mожна e натамошна размена на затвореници меѓу САД и Русија

Тој рече дека ризикот од нуклеарна војна расте, но дека Русија го гледа својот арсенал „како средство за одмазда, а не како прв напад“.

„Ние ги имаме овие средства во понапредна и помодерна форма од која било друга нуклеарна земја, но нема да трчаме низ светот мавтајќи со овие оружја како жилет“, рече Путин.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, илјадници луѓе се убиени, милиони се раселени, бројни украински градови се уништени, како и голем дел од инфраструктурата на земјата.