Меѓународниот олимписки комитет ја разгледува можноста за учество на руски и белоруски спортисти

Илустративна фотографија

Меѓународниот олимписки комитет ќе го разгледа предлогот со кој се бара да им се овозможи на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат на меѓународни настани во Азија.

Спортистите од Русија и Белорусија добија забрана за учество во натпреварите во февруари, по инвазијата на Москва врз Украина. Но, на Олимпискиот самит во Лозана на 9 декември, Меѓународниот Олимписки Комитет соопшти дека дополнително ќе го разгледа предлогот на Олимпискиот совет на Азија да биде домаќин на спортисти од двете земји.

Меѓународната шаховска федерација им забрани на Русија и Белорусија учество на турнири

„Олимпискиот совет на Азија понуди да го олесни учеството на спортистите од Русија и Белорусија на натпревари во Азија под нејзина надлежност, притоа почитувајќи ги важечките санкции“, соопшти Меѓународниот Олимписки Комитет, пренесува новинската агенција Франс прес.