Ердоган најави разговори со Путин и Зеленски

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција продолжува со напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 9 декември, додавајќи дека наскоро ќе разговара со претседателите на двете земји.

„За да се реши оваа криза, во недела ќе разговарам со рускиот претседател Владимир Путин. Ќе разговарам и со украинскиот претседател Володимир Зеленски“, рече Ердоган на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.

Средба на руски и американски дипломати во Истанбул

Тој нагласи дека Турција сака дополнително да го зајакне договорот за извоз на жито, пренесува новинската агенција Анадолија.

„Иако силно го браниме територијалниот интегритет на Украина, се спротивставивме на поттикнувањето тензии во регионот со ирационални политики кон Русија“, истакна Ердоган.

На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина постигнаа договор во Истанбул за извоз на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кои беа блокирани поради руско-украинската војна што започна во февруари. Договорот за жито беше продолжен за уште 120 дена, почнувајќи од 19 ноември.