Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на денешниот лидерски самит во Виена организиран од Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент изјави дека ЕУ не смее да дозволи нови блокади.
„Очекувам од ЕУ да го следи напредокот на мојата земја и придонесот што го дава и да не дозволува уцени од никого. Ајде да зборуваме за критериумите и нивното исполнување. Затоа што кредибилитетот на ЕУ на Балканот се гледа преку примерот на Северна Македонија. Ако се изгуби тој кредибилитет, ЕУ ризикува да го изгуби целиот регион“, рече Ковачевски.
Тој порача дека прашањето за проширувањето на ЕУ повеќе не е само прашање на проширување, тоа е и геостратешко и безбедносно прашање. Според него, војната во Украина меѓу другото докажала дека за Европа да биде безбеден и силен континент, на ЕУ и треба мирен и интегриран регион на Западен Балкан.
„Затоа работевме посветено на влезот во ЕУ и работевме на тоа да го добиеме најдобриот можен предлог од ЕУ во кој ќе бидат вградени нашите позиции и на 19 јули ги започнавме долгоочекуваните преговори со ЕУ. Во тој процес го обезбедивме македонскиот јазик во Европската унија, го заштитивме македонскиот идентитет еднаш засекогаш. Оттогаш го потпишавме договорот ФРОНТЕКС на македонски јазик, кој докажа дека ЕУ е кредибилен партнер и ги исполнува своите ветувања“, потенцираше Ковачевски.
Видете и ова: Фон дер Лајен: Соработката на ЕУ со Западен Балкан доби нов замавЛидерски самит во Виена е организиран од Групата на социјалисти и во Европскиот парламент а во партиската делегација на СДСМ учествуваат и потпретседателката Бисера Костадиновска Стојчевска и секретарот за меѓународна соработка, Бојан Маричиќ.