Државниот завод за статистика пресмета дека инфлација во ноември изнесувала 19,4 проценти, односно за толку се зголемени трошоците на живот во споредба со истиот месец лани. Тоа значи дека ако нешто минатата година ве чинело Цените на мало за една година пораснале за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на октомври, кај трошоците на живот се бележи зголемување од 0,5 проценти, а кај цените на мало за 0,2 проценти. Во однос на минатиот месец за неколку проценти се поскапени алкохолните пијалоци, месото, рибата и морските плодови, млекото, газираните пијалоци и минералната вода, сокови, сирење и урда, како и кафе, чај, како, јајца, шеќер, џем, чоколади.
Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8,9 проценти и кај маслото и маснотиите за 5 проценти.
Видете и ова: Месечните трошоци за едно семејство за 300 евра повисоки од ланиДенеска со информација за минималната потрошувачка кошничка излезе и Сојузот на синдикати на Македонија. Според нивната пресметка, во ноември за минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 51.714 денари од кои за храна минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.