Општините да поднесат приговор до ЕВН на одлуката да се снабдуваат со струја на либерален пазар. ЕВН, како компанија снабдувач со струја, испратила допис до општините по одлуката на Владата за прогласување кризна состојба во снабдувањето со струја.
Допис добиле оние општини кои до 1 јануари 2022 година не биле мали потрошувачи, а потоа со реализирана промена на корисник се стекнале со таков статус. Тие најдоцна до 1 јануари 2023 година да почнат да се снабдуваат со струја на либерален пазар.
Од ЗЕЛС велат дека општините во оваа енергетска криза се доведуваат до работ на егзистенцијата и дека средствата наместо за проекти и подобрување на услугите за граѓаните треба да ги трошат за плаќање на огромни суми за струја.
Видете и ова: Бислимоски – Со блок тарифи за фирмите против итарпејовците во бизнисот„Општините и доколку би сакале да ја реализираат оваа мерка би се соочиле со обемни тендерски постапки и претходно спроведување на ребаланс на буџетoт е што и во идеални услови за реализација би биле потребни најмалку три до четири месеци“, се вели во соопштението од ЗЕЛС.
Регулираниот пазар на струја, што досега го користеа и речиси сите општини, е наменет за струја за граѓаните и малите фирми.