Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври.
За да го протурка месецот, на едно четиричлено семејство сега му требаат скоро 300 евра повеќе отколку во ноември минатата година, што е колку уште една минимална плата. Инфлацијата во Македонија е скоро 20 отсто. Официјалните податоци покажуваат дека семејство со една просечна и една минимална плата нема доволно пари да ја наполни потрошувачката кошничка. Просечната плата е околу 32.500 денари, а минималната 18 илјади денари.
Видете и ова: Просечно семејство со потпросечен животСпоред пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.
Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.