Директорот на приватниот превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, се повлекува од протестот на приватните автобуси кои до неодамна беа дел од јавниот превоз во главниот град. Тој вели дека се повлекува оти неговото име премногу се злоупотребува, но останува да биде директор на „Слобода превоз“.
Блокадите на Скопје продолжуваат и покрај неговото повлекување.
Град Скопје под чија капа е јавниот превоз во градот, бара Министерството за внатрешни работи да ги расчисти блокадите, кои траат трет ден по ред.
Секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров читајќи пишана изјава, повика МВР да реагира, бидејќи приватниот личен интерес е на штета на граѓаните. Тој потоа ги избегна новинарските прашања.
Видете и ова: Скопје под блокади – скопјани заложници на партискиот сеирПриватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ протестираат оти Јавното сообраќајно претпријатие и Град Скопје им должат пати. Тие останаа без дозволите да вршат јавен превоз поради што се решија на блокади на три големи крстосници во главниот град.
Град Скопје сега им нуди на приватните превозници индивидуално да склучат договор за превоз со Градот или да формираат нови здруженија, оти „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ немаат право повторно да се пријават.