Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се лажни пријавите за бомби кои денеска биле испратени во училишта во Скопје и Народна банка.
Полицијата по добиените пријави ги евакуирала објектите, направила детални антитерористички проверки и утврдиле дека пријавите се лажни, соопшти МВР.
Претходно, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во Народна банка
„Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека НБ е 24 обезбедена“, изјави Спасовски, по денешната посета и средби во СВР – Струмица.
На 5 декември малолетник од Скопје доби кривична пријава за сторено кривично дело „тероризам”, поради испраќање на една од лажните дојави за бомби во скопски училишта.
Видете и ова: Малолетник од Скопје заработи кривична пријава за една од лажните дојави за бомби во училиштатаВо изминатите два месеци имаше повеќе пријави за поставени бомби во скопски училишта, за кои полицијата утврди дека се лажни. Пред два дена имаше пријави и за поставени бомби во Кавадарци. Досега сите дојави за бомби беа лажни.