Белорусија ќе преместува воена опрема и сили како одговор на можен тероризам

руски тенкови во Белорусија

Белорусија планира денеска и утре да премести воена опрема и безбедносни сили заради, како што се наведува, проверка на нејзиниот одговор на можни терористички акти, објави државната новинска агенција БелТА. „Во овој период се планира преместување на воена опрема и персонал на силите за национална безбедност“, наведува Советот за безбедност на земјата во соопштението во кое се додава дека движењето на граѓаните по одредени јавни патишта и области би било ограничено и оти е планирана употреба на оружје за обука. Нема информации кои делови од земјата би можеле да бидат зафатени.

Канада објави нови санкции за Белорусија

Белорусија соопшти дека нема да влезе во војната во соседна Украина, но претседателот Александар Лукашенко во минатото нареди трупи да се распоредат со руските сили во близина на украинската граница, наведувајќи ги заканите за Белорусија од Киев и од Западот. Белорусија и Русија се тесно поврзани економски и воено, при што Русија ја искористи Белорусија како место за нејзината инвазија врз Украина на 24 февруари. Украина со месеци предупредува дека стравува дека Белорусија и Русија би можеле да планираат заеднички упад преку северната граница на Украина.