Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак изјави дека неговата земја ќе го прифати ракетниот одбранбен систем „Патриот“ што Германија понуди да го испрати во Полска во минатиот месец. Германија ја понуди воздушната одбрана откако залутан проектил падна во Полска во близина на украинската граница, при што загинаа двајца Полјаци. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак најпрво „задоволно“ ја прифати понудата, но други полски функционери тогаш најавија дека системот Патриот треба да биде распореден во Украина, што Германија не е подготвена да го направи.
Полскиот премиер апелира до сојузниците да почнат да ја штитат западна Украина
Блашчак на Твитер напиша дека му е жал што Германија не сака да го распореди системот Патриот во Украина. „Распоредувањето Патриот во западна Украина ќе ја зголеми безбедноста на Полјаците и Украинците“, напиша тој на Твитер. Германија објави дека системот Патриот кој и е понуден на Полска е дел од интегрираната воздушна одбрана на НАТО и ќе биде распореден само на територијата на Алијансата.