Вашингтон испраќа тим во Македонија за поагресивен поглед на корумпирани учесници и сегашни и минати, напиша американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на Твитер. Таа пишува дека тимот ќе ги разгледа сите можни одговори.
„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, твитна амбасадорката.
Во последниот период борбата против корупцијата е мета на гласни критики од претставниците на меѓународната заедница.
Најпрво изборот на новиот шеф на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција кој има лични познанства со челниците на ДУИ, ја збуни американската амбасадорка Ангела Агелер, бидејќи како што рече, „САД потрошија милиони долари на обука на обвинители“ во правосудниот систем.
Набрзо потоа реагираше и евромбасадорот Дејвид Гир кој побара професионалност во институциите во случајот со доделувањето на македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој се наоѓа на црната листа на САД.
Видете и ова: Меѓународната критикува, власта уверува дека борбата против корупцијата е главен приоритетВчера и амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Анке Холштајн истакна дека напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија ќе зависи во голема мера и од успешното сузбивање на корупцијата.
Владата најави дека преку обезбедување непречена работа на институциите, внимавање на интегритетот и професионалноста на оние кои ги водат институциите и политичка волја, ќе се бори против корупцијата.