На Самитот за Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. Со Договорот се отвора патот за почеток на процесот за укинување на тарифата за роаминг меѓу земјите од Европската Унија и Западен Балкан.
Самит ЕУ-Западен Балкан, што да се очекува?
Потпишувањето на Декларацијата за роаминг ќе гарантира значително намалување на трошоците за роаминг од 1 октомври 2023 година. Тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година. По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, Советот за регионална соработка, во соработка со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот.
Нејаснотии околу роамингот, операторите и регулаторите да се држат до договорот
На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.