Во Приштина средба Лајчак-Курти

Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија и премиерот на Косово, Албин Курти

Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, денеска во Приштина ќе се сретне со премиерот на Косово, Албин Курти, соопшти Владата на Косово. Се очекува теми на нивниот разговор во вторник да бидат подготовките за средбата на претставниците на Приштина и Белград на највисоко ниво и натамошен напредок во процесот на дијалог за нормализација на односите. Вчера Лајчак во Белград разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на Самитот во Тирана

По средбата Вучиќ најави дека разговарале за последните настани на Косово и за проблемите со кои, како што рече, се соочуваат Косовските Срби поради „едностраните и нелегитимни потези на Приштина“. „Ја истакнав неопходноста од спроведување на договорот за Заедницата на српските општини и почитување на правата и волјата на нашиот народ“, најави Вучиќ. Тој изјави дека Србија е решена да продолжи со конструктивниот дијалог со цел мир и просперитет.

Ескобар: Ќе се спроведе одлуката за формирање Заедница на српски општини

Мирослав Лајчак дојде во Белград откако Србија ја критикуваше одлуката на косовскиот премиер Албин Курти минатата недела да го назначи Ненад Рашиќ, лидер на Прогресивната демократска партија, на функцијата министер за заедници и враќање во Владата на Косово. Претходно претставници на српската заедница во Косово ги напуштија косовските институции поради несогласување со одлуката на Приштина да ги замени српските регистарски таблички со косовски.