Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Тирана

Во Тирана денеска почнува состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан. Ова е прв самит меѓу ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи во регионот на Западен Балкан. Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Самитот. Учесниците на Самитот, како што е најавено, ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји. Самитот е можност да се потврди клучната важност на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, регион со јасна перспектива на ЕУ.

Вучиќ потврди дека ќе присуствува на Самитот во Тирана

Главните теми на разговор ќе бидат: заедничко справување со последиците од руската агресија врз Украина, зајакнување на безбедноста и градење на отпорност против странско мешање, справување со предизвиците што ги носи миграцијата и борбата против тероризмот и организираниот криминал Се очекува лидерите да издадат декларација на крајот од самитот.

ЕУ предложи Акционен план за соработка со Западен Балкан за илегалната миграција

Лидерите ќе разменат мислења за заедничко решавање на управувањето со миграцијата бидејќи бројот на миграциската рута на Западен Балкан значително се зголеми во изминатата година. Ова вклучува усогласување со визната политика на ЕУ и соработка за системите за враќање.