Државниот завод за статистика соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември годинава, во однос на истиот месец лани се зголемени за 17.1 %.
Кумулативно, во периодот јануари – ноември годинава, во споредба со истиот период од 2021, цените се повисоки за 11.9 %, додека пак, во споредба со октомври годинава, растот изнесува 0.1 %.
Притоа ако се направи споредба на овој со минатиот ноември, најголемо поскапување има во Храна за 22,1%, Алкохолни пијалаци 10,7% и Безалкохолни пијалаци за 7%. Ноќевањата пак се поскапени за 3,9%.
Видете и ова: Станува ли луксуз ручек во кафеана?Инфлацијата во октомври пак годинава во споредба со истиот период лани изнесува 19,8 отсто. Владата очекува постепено стабилизирање, а за 2023 се прогнозира стапката на инфлација да изнесува 7,1 процент.