Државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини, најави премиерот Димитар Ковачевски.
За оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, тој посочи дека ќе ги повика на одговорност.
Видете и ова: Термоелектраните на патерици – не произведуваат ни половина од можностите„Не ми е сфатливо како може со години да не се плати струја што е недомаќинско однесување на дел од раководителите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори на пример здравствените институции беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата. Не трпам директори кои не плаќале струја затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја само затоа што се од витално значење“, изјави Ковачевски.
За овој проблем најави дека денеска ќе има состанок во Министерството за економија.
Во однос на ставањето во функција на сите енергетски капацитети во државата, Ковачевски информираше дека почнуваат монтажните активности на Блок 3 во РЕК Битола затоа што дел од опремата е пристигнат и оти комерцијалниот директор на ЕСМ денеска е во Турција со цел да го доорганизира транспортот на трансформаторот. Додаде и дека очекува многу наскоро да биде ставен во мрежа и ТЕЦ Неготино.