Изутрината околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци била упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Спасовски: Има осомничени за дојавите за бомби во скопските училишта
Информацијата за заканите со бомби ја потврди градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој ги наведе и училиштата каде преку е-меил се добиени заканите, и додаде дека освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.