Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека смета оти сите полнолетни граѓани до 30 години треба да поминат воена обука, како и оние постарите кои „зачекориле во четвртата деценија“. Според него, за нив треба да се воведе пократок воен рок, во времетраење од три недели, нагласувајќи дека претстои стручна расправа за повторно воведување на задолжителен воен рок.
Задолжителен воен рок во Србија: за и против
„Повторното воведување на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни“, вели Вучевиќ, појаснувајќи дека кога се зборува за враќање на задолжителниот воен рок, не се работи за војување, туку за тоа дека армијата е во служба на граѓаните. „Мислам дека треба да го вратиме воениот рок, без разлика дали тоа е три недели или три месеци, или некој друг период“, рече Вучевиќ.