Претставникот на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак денеска престојува во Белград, каде што ќе има средби со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Вучиќ со Лајчак ќе разговара на Претседателството во 11:00 часот, додека средбата со Ивица Дачиќ е закажана за 13:00 часот во Министерството за надворешни работи.
Лајчак: напролет може да биде краен рок за постигнување договор меѓу Косово и Србија
Лајчак пред два дена во медиумите објави дека оваа недела ќе ги посети Белград и Приштина за да разговара за почитувањето на договорот за регистарски таблички, како и за „следните чекори за нормализирање на односите во согласност со француско-германскиот план“.