Младен Чадиковски е реизбран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). На денешното изборно собрание, кое се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, Чадиковски доби уште еден четиригодишен мандат, како. Денеска се избираа и членови на органите и телата на Здружението.
Конкуренти на Чадиковски за претседател на ЗНМ му беа новинарката Фиљана Кока и новинарот Марјан Николовски.
Видете и ова: Затвор за напаѓачите на новинариЗа Чадиковски гласаа 275 членови на ЗНМ, Николовски доби 119 гласа, додека Кока 53 гласови од членовите на ЗНМ. На денешното собранието присуствуваа 465 членови на ЗНМ.
Членовите на ЗНМ денеска избраа и членови во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и членови во Советот на честа.
Изборното собрание траеше цел ден.