Бугарската влада ја критикуваше одлуката на Холандија да ѝ го блокира пристапот во европската Шенген зона без пасоши. За Бугарија ова е чин на „цинизам“.
Владата на холандскиот премиер Марк Руте на 2 декември објави дека ќе се согласи со приклучувањето на Романија и Хрватска во Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија.
Холандија стави вето оти Бугарија не успеала да постигне задоволителни резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Министрите за правда на ЕУ ќе одлучуваат за прифаќање на Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген на состанокот на 8 и 9 декември.
Прифаќањето на нови членки во Шенген бара едногласност.
Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам“, напиша бугарскиот претседател Румен Радев на Фејсбук.
Видете и ова: Холандија го блокираше приемот на Бугарија во Шенген зоната„Нашите напори не заслужуваат занемарување! Нашите напори не заслужуваат навреди“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи, Иван Демерџиев.
„Холандија нема право да не нè сака во Шенген. Начинот на кој го направија тоа е апсолутно неприфатлив, политички и правно неоснован“, изјави министерот за правда Крум Зарков.
Австрија, исто така, изрази резерва за членството на Бугарија во Шенген. Канцеларот Карл Нехамер изјави дека неговата земја го поддржува членството на Хрватска, но е против приемот на Бугарија и Романија.
Европската комисија неколку пати соопшти дека Бугарија, Романија и Хрватска ги исполнуваат критериумите и се подготвени за членство во Шенген зоната. Европскиот парламент повика земјите да бидат прифатени во зоната без натамошно одлагање.
Шенген зоната им овозможува на луѓето слободно да се движат, без проверка на идентитетот. Во Шенген зоната има 26 земји-членки, од кои четири не се дел од ЕУ.