Протестите на приватните автобуски превозници во Скопје имаат политичка позадина, но Владата сепак мора да посвети внимание на тој проблем, изјави министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
„Овој тип на блокади заради економски долгови испишуваат политичка позадина, сите можеме да го видиме „Гласот на светлината“ од 2005 година, бидејќи за, не знам, милион евра долг, страдаат сите скопјани и сите што доаѓаат во Скопје, тоа е неразумно, рече Пенов гостувајќи во вечерашната емисија „Вин Вин“ на телевизија Телма, алудирајќи на протестите на невладината организација против тогашната продажба на државната ЕСМ.
Пенов додава дека целата ситуација создава една голема непријатност за целосното функционирање и Владата ќе мора да посвети внимание и да го реши.
Приватните превозници најавија протест за утре со блокирање на една лента од скопската улица „Илинденска “ на потег од Владата до „Ми-Да Моторс“.
Блокадата може да продолжи и во текот на викендот доколку не се слушнат нивните барања, а доколку не се постигне договор, од понеделник ќе има целосна сообраќајна блокада на крстосницата кај „Мавровка“, „Црвен Крст“ и улицата „Илинденска“, соопшти координативното тело на приватните превозници.
Видете и ова: Скопскиот автобуски превоз како кула од картиПоследните препирки за скопскиот автобуски превоз, кои кулминираа со одземање на дозволите на двата приватни превозници, донесоа многу гужви и нервози кај скопјани.
Договорот на приватните превозници Мак експрес и Слобода превоз е раскинат поради „неисполнување на обврските“.
Од Градот велат дека работат на нов јавен повик со кој досегашните превозници ќе можат директно и индивидуално да аплицираат за да добијат линија за автобуски превоз. Досега ова можеше да го прават само здружено, преку компаниите за пакет линии. Новите договори, како што најави градоначалничката Данела Арсовска, ќе имаат и нови услови, пред се во делот на еколошките стандарди.
Приватните превозници пак побараа оставка од Арсовска.