Имаме веќе лица кои се осомничени за лажните дојави за поставени бомби во училишта и веднаш по потврдувањето на овие факти ќе работиме заедно со Обвинителството, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Тој појасни дека речиси сите електронски испратени пораки се исти, иако „има варијација на тема во однос на оваа активност“.
„ Најавив дека истрагата во овој дел е сосема при крај, се очекуваат потврди на одредени факти, а тоа се многу важни детали. Имаме веќе лица кои се осомничени и веднаш по потврдувањето на овие факти ќе работиме заедно со Обвинителството. Ќе се дадат насоки од Обвинителството. Ова е терористички акт и многу не се размислува кога посегнувате по вакви активности. Тоа беше случајот и со нападот на Собранието, рече Спасовски.
Се трошат ресурсите на МВР, вели Спасовски, а најважно е што се предизвикува вознемиреност. Порача дека која и да е причината што внесува таков раздор и несигурност кај граѓаните и ги троши ресурсите, сторителите мора најстрого да бидат казнети.
„Ова се хибридни напади и тие напади знаат сега да бидат и многу поопасни би рекол и од конвенционалните. И тоа е целта на овие напади да предизвикаат несигурност кај граѓаните, паника, страв, да предизвикуваат нестабилност во државата, во институциите, да подгреваат одредени тензии“, вели министерот.
Спасовски, меѓу другото, оцени дека ова се случува затоа што геостратешката положбата и испреплетувањето на геостратешките интереси се посебно важни.
„ Ние не сме изолиран случај“, потенцира Спасовски.
Видете и ова: МВР анализира - зошто заканите со бомби се само во една смена во три работни денаСе вршат сите проверки по пријавите за бомби и таа првична наша констатација на крајот се потврдува – дека станува збор за лажни дојави, но постои протокол што мора да биде до крај испочитуван, во смисла на евакуација и целосна проверка, додава тој.
Денеска беа евакуирани 11 скопски училишта поради лажна дојава за поставени бомби. Од нив две беа оснони училишта и девет средни училишта.