Недела ќе остане неработен ден, пресече денеска Уставниот суд. Судиите ја отфрлија иницијативата на Стопанската комора која го оспоруваше законот во кој се уредува правото на работниците да не се работи во недела, освен во дејностите кои се исклучок. Според Уставниот суд неосновани се наводите на Комората.
Уставниот суд денеска одлучи да го укине членот од Законот за социјална заштита во делот „најдоцна до 65 годишна возраст“ кој оневозможуваше лицата со попреченост над 65 години да остварат право на надоместок поради попреченост.
Според Законот за социјална заштита, надоместок заради попреченост се обезбедува за поттикнување социјално вклучување и еднакви можности на лице кое е со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и потполно глуво лице.
Според уставните судии со оваа одредба од законот е повреден уставниот принцип на еднаквост на граѓаните пред Уставот.
Уставниот суд донесе одлука и за времена мерка со која се запираат сите активности во општина Центар за деталниот урбанистички план од 2014 година во Градска четврт Ј07 , во кои припаѓа и градежната парцела на инвеститорот Маркеза ДООЕЛ во парк шумата Водно.
Иницијативата е поднесена од граѓанин на Центар во февруари лани. Со овој план се утврдени условите за градба за Старо Водно, Долно Водно, локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Мало Курило, Тасино Чешмиче и Цвеќара.
Видете и ова: Плац по плац, отиде половина ВодноВремената мерка, како што појаснуваат од Уставниот суд, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.
Уставниот суд ги отфрли иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на изборот на претседател на Собранието и за првиот заменик претседател на Владата.
„Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја отфрли иницијативата со која беше оспорена одлуката за избор на претседател на Собранието до 2 мај 2017 година, бидејќи таа одлука нема карактер на пропис, туку со неа се врши конкретен избор. Членот 110 од Уставот јасно утврдува дека Уставниот суд одлучува за согласност на законите со Уставот и согласност на другите прописи и колективни договори со Уставот и законите, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.
Беловска изјави дека во среда на 7 декември и истекува мандатот на уставната судијка Валентина Маркудова.
„Уставниот суд апелира Собранието да ги избере останатите судии, еден предлог треба да дојде од Судскиот совет, односно тој да биде избран од редот на судиите, “ вели Беловска.
Видете и ова: Фатмир Скендер и Татјана Васиќ - Бозаџиева избрани за уставни судииЗасега Уставниот суд функционира со 7 од потребните 9 судии.