Контејнер со контаминирана земја ископана од малата депонија со линдан во Охис денеска тргнува за Германија. Ова го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини откако направи обиколка на локацијата во „Охис“ каде што е спакувана контаминираната земја од малата депонија.
По комплетирањето на сите потребни дозволи за извоз, компанијата „Polyeco“ денеска го почна транспортот на 126 тони земја контаминирана и спакувана во седум контејнери. Крајна дестинација на контаминираната земја е Германија, каде ќе биде испорачана во постројка лиценцирана за третман на ваков тип отпад.
Видете и ова: Се истражува загаденоста на Пеленица во Драчево, прелиминарните резултати покажуваат линдан во почватаМинистерот Нуредини објасни дека со ова денеска завршуваат активностите во кои учествуваше UNIDO. Во наредниот период се очекува да започнат активности за чистење на третиот лот за што во завршна фаза е евалуацијата по огласот за избор на изведувач за чистењето и се очекува во најскоро време постапката да заврши и избраниот изведувач да потпише договор со UNOPS.
Досега се вкупно ископани, спакувани и извезени 960 тони HCH отпад од првиот и вториот лот, од кои 480 тони се веќе спалени.