Приватните превозници на 2 декември од 6 часот наутро со 200 автобуси ќе го блокираат булеварот Илинден од пред Владата до крстосницата кај МИ-ДА. На тој потег се наоѓа седиштето на Град Скопје.
Приватните автобуси од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ кои беа дел од јавниот превоз во главниот град утре ќе го блокираат сообраќајот на десната лента од Илинденска, најави директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски на прес-конференција.
Советот на Град Скопје без одлука за проблемот со приватните автобуски превозници
Превозниците бараат да им се исплати долгот од 1,3 милиони евра, што, како што велат, им го должи Јавното сообраќајно претпријатие, односно Град Скопје.
Доколку и во меѓувреме нема резултати, за в понеделник најавуваат дека ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и ул. „Илинденска“.
Приватните автобуси претходно на 28 ноември го блокираа сообраќајот кај Мавровка.
Протест на приватните превозници: Исполнување на барањата или уште поголема блокада
Во октомври имаше проблем и со платите на вработените во ЈСП-Скопје, па и тие еден ден не возеа бидејќи имаа колективен штрајк. Исто така поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП, престанаа да сообраќаат и автобусите на вториот приватен превозник „Макекспрес“, па овие линии во меѓувреме беа заменети со автобусите на ЈСП.