Талибанците го прекинаа емитувањето на РСЕ во Авганистан

Талибанците го прекинаа емитувањето на медиумите финансирани од САД, вклучително и Радио Слободна Европа, повикувајќи се на поплаки за содржината. Абдул Хак Хамад, официјален претставник во Министерството за информации на талибанците, денеска објави на Твитер дека емитувањето на радиото Азади на РСЕ е прекинато во 13 градови. Гласот на Америка соопшти дека неговите преноси, исто така, биле укинати.

Една година по доаѓањето на власт, Талибанците се во Авганистан за да останат

Хамад рече дека потегот е направен „поради непочитување на новинарските принципи и еднострани емисии“. РСЕ и Гласот на Америка се независни медиуми. Откако ја презедоа власта во август 2021 година, талибанците ги ограничија независните медиуми и покрај ветувањата за поумерено владеење.