Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) објави дека бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигнал максимум во последните шест години и дека сириските граѓани се оние кои најмногу бараат меѓународна заштита.
Агенцијата наведува дека во септември биле поднесени околу 98.000 барања за азил во 27-те земји членки на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, колективно познати како ЕУ+.
Околу 15.500 Сиријци и 13.700 Авганистанци официјално побарале меѓународна заштита.
Авганистанците се најголемата група на апликанти секој месец откако, Талибанците ја презедоа власта во летото 2021 година.
Видете и ова: На удар предлогот на германската влада да се олесни добивањето државјанствоТурските државјани ја сочинуваат третата група по големина со 5.800 апликации во септември, што е историски максимум за земја во која ЕУ вратила потенцијални мигранти.
Рекорден број Индијци, Тунижани, Грузијци, Мароканци и Египќани, исто така, е забележан во септември, според ЕУАА.
Во исто време, голем број луѓе кои бегаат од руската инвазија на Украина продолжија да бараат статус на привремена заштита, што им овозможува краткорочен пристап до финансиска помош, домување и помош за вработување.
Агенцијата соопшти дека „овие симултани предизвици вршат значителен притисок врз националните системи во неколку земји од ЕУ+“.
Повеќе од милион луѓе, повеќето Сиријци, влегоа во ЕУ во 2015 година, предизвикувајќи една од најголемите политички кризи во ЕУ досега.