Министрите за надворешни работи на членките на НАТО се согласија да ја зголемат поддршката за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, изјави денеска во Букурешт генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Изјавата Столтенберг ја даде на прес-конференција откако беше одржана третата и последна седница на Северноатлантскиот совет (НАК) на дводневниот состанок во Букурешт.
Столтенберг рече дека трите земји се „важни партнери“ на НАТО „соочени со руски притисок“.
На третата седница на НАК, на која на министрите на членките на НАТО, како и на Шведска и Финска, им се придружија шефовите на дипломатиите на Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, се зборуваше за „заедничките безбедносни грижи и начини за зајакнување на соработката“, рече Столтенберг.
Видете и ова: Шведска, Финска и Турција постигнале напредок во членството во НАТОТој додаде дека сојузниците се согласиле да ја засилат поддршката за тие земји, вклучително и за градење на безбедносни капацитети, реформи и обука за подобрување на безбедносните и одбранбените институции.
Столтенберг изјави дека сојузниците изразиле солидарност со сите три земји и додаде дека е „научена е лекција“ од руската војна против Украина дека е „неопходно веднаш да се поддржат овие три партнери“.
Столтенберг исто така додаде Босна и Херцеговина е важна за стабилноста на Балканот, каде НАТО е присутен од 1990-тите кога придонесе за запирање на „бруталната етничка војна“.