Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички. Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија.
Курти- Време е за големи чекори во разговорите за нормализација со Србија
„Политичката и безбедносната ситуација во Косово е една од најтешките во овие 23 години. За жал и дејствијата на институциите не беа соодветни на создадената ситуација. Премиерот наместо да ги прифати барањата на меѓународните институции, започна со имплементација на одлуката во фази, со што ѝ даде на Србија можност да се прогласи за жртва“, рече Харадинај. Лидерот на ААК и поранешен премиер на Косово ги обвини институциите дека состојбата во северно Косово не ја истретираа сериозно врз основа на настанатиот ризик.